Услови и правила
ОПШТИ УСЛОВИ ОД ХОТЕЛОТ НА КОИ МОРА ДА СЕ СОГЛАСИТЕ ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА РЕЗЕРВИРАТЕ:
Во цената не е вклучена туристича такса која изнесува 2 евра од апартман или студио од ноќ. (Не е по лице). Таксата задолжително се плаќа при пристигнување. Таксата е задолжителна за да може гостите да бидат уредно пријавени дека престојуваат на локацијата.
За резервација на термин во Хотел Лаки во Неа Плагија потребна е минимална уплата на депозит од 30% од вкупниот износ. Депозитот е нерефундирачки. Доколку сте во ситуација да треба да го откажете терминот, средствата од депозитот можете да ги искористете за нова резервација која ќе може да ја извршите во рок од една година. Депозитот не се рефундира, туку ќе ви биде назначен како ваучер за користење на веќе уплатени средства. Средствата може да ги користи исклучиво лицето кое уплатило. Доколку ја откажете и втората резервација извршена со ваучерот, уплатените средства како депозит целосно ви пропаѓаат.
Доколку пак сакате да го презакажете терминот во истата сезона, истото презакажување можете да го извршите најдоцна 20 дена пред веќе резервираниот термин.
Гостите може да резервираат сместување согласно слободните капацитети во моментот на пребарување. Имајте предвид дека сместувачките единици во хотелот се резервираат во континуитет.
Во хотелот може да престојуваат исклучиво лицата кои ги има во договорот, а не трети лица за кои не е извршена резервација.
Сите онлајн плаќања направени со картичка се обработуваат преку електронската платформа за плаќање Nexi XPay на Nexi Payments Greece S.A. и користат TLS 1.2 протокол за енкрипција со 128-битна (Secure Sockets Layer - SSL). Енкрипцијата е начин на кодирање на информациите додека не стигнат до примачот, кој ќе може да ги декодира користејќи го соодветниот клуч.