Бр.21 Penthouse
Пентхаус (Sea View) Трет спрат
Модерен, луксузен и простран пенхаус. Наменет за луѓе кои сакаат лузузно, пространо и модерно смесување. Пенхаусот се наоѓа на најгорниот спрат и нуди феноменален поглед кон море.
Во пентхаусот може да се сместат до 6 лица, има две спални соби, во едната има брачен кревет, а во другата има 2 единечни кревети, кои може да се спојат.
Спалните соби се модерно опремени со шкафови, фиоки, огледала, телевизор.
Дневниот просор е опремен со седмосед, клуб маса и телевизор. Сосема добро уредено да се чувствувате како дома. Во дневниот престој има простор да се додадат уште два помошни кревети.
Пентхаусот има комплетно опремена кујна во оделна соба во апартманот која кујна исто така излегува на балконот. Кујната е комплетно опремена со прибор за приготвување на лесни оброци, има прибор, мал фрижидер, електричен бокал за вода, чаши и садови во количина доволна за капацитетот на апартманот. Во апартманите нема рерна, туку има решо. Во кујната има канта за отпадоци. За разлика од останатите кујни, овде имате и машина за садови.
Пентхаусот има едно купатило со толет. Купатилот има модерна туш кабина, пространост, умивалкик, WC шолја и греач за крпи. Тоалетот има крпа за раце, канта за отпадоци. Во секој апартман имате пешкири за лице и тело, како и чисти постелнини. Тоалетот има машина за перење алишта.
Пентхаусот има клима уред која постигнува за максимално ладење на целиот простор. Опремен е со телевизор и Wi-Fi.
Пентхаусот има простран балкон кој ви овозможува непречен бескраен поглед кон морето. На балконот има стаклен затворен дел уреден за уживање на балконот.
Ова модерна единица ви овозможува уникатен престој. Се наоѓа на трет спрат, без лифт.