Бр.2 Studio

Модерно студио (Sea View) Прв спрат

Ултра модерното студио бр.2 има поглед кон море. Идеално сместување за патници кои бараат луксузно и модерно сместување, опремено со најмодерните елементи кои ви гарантираат удобен одмор.

Towels : Included
Wi-Fi : Free
Parking : Free
Air Condition : Free
Bed Linen : Included
Beach : 30m
Support : Free Online
Cleaning : Regular
Check-In : 14:00
Check-Out : 10:30

Ултра модерното студио бр.2 се наоѓа на прв спрат и има балкон со поглед кон море. Балконот е на предната страна на хотелот.

Карактеристики на студио број 2:

Студиото има еден брачен кревет за 2 возрасни лица. Креветот е со кралска големина, комфорен за сите гости.
Студиото има седмосед на развлекување на кој може да спијат и возрасни лица.
Капацитетот на студиото е за до 4 возрасни лица, но го препорачуваме за еден пар (2 возрасни лица) или за 2 возрасни лица и 2 деца (Едно семејство).
Креветите се наоѓаат во заедничка просторија во којашто се наоѓа и кујната, плакарот и телевизорот. Купатилото е во склоп со студиото.

Студиото има модерно опремено купатило со тоалет. Пространа туш кабина со туш, WC шолја, мијалник, вграден фен за коса и канта за отпадоци. Секое студио е опремено со пешкири за лице, раце и тело.

Ентериерот на студиото е комплетно модерно опремено со се што е потребно за еден добар и комфорен одмор.
Студиото има комплетно опремена кујна за приготвување на лесни оброци, опремена е со прибор според капацитетот на гостите. Има електрично ѓезве за загревање вода, електрично вградено решо, вентилација, враден фрижидер, работна маса и канта за отпадоци.

Секое студио има основни елементи за чистење на хигиенски неред како метла, џогер и кофа, кои се поставени на балконите. Исто така секој балкон е опремен со сушара за алишта и штипки.

На секој балкон има маса со 4 столчиња. Во кујнскиот прибор имате шолји за кафе, што ви овозможува да уживате во вашето утринско кафе на балконите на хотелот.
На балконот има тенда која функционира за изолација од сонце.

Студиото има модерни лустери и модерни уметнички дела кои гарантираат удобност за време на престојот. Предниот дел е целосно обезбеден со стакло што ви овозможува максимална дневна светлина, а квалитетните завеси ви гарантираат потполна темнина и преку ден.

Студиото има голем плазма телевизор, влезна врата со електрично отклучување, вентилација и Wi-Fi конекција. Студиото има клима уред, што овозможува безгрижен престој во летниот но и зимскиот период.

Студиото има висок таван со надпросечна стандардна висина, што ви овозможува поголем комфор. Студиото се наоѓа на прв спрат, без лифт, со околу 15 скали за искачување.

Пребарај Достапност