Бр.13 Sea View app
Дуплекс апартман (Sea View) Втор спрат
Дуплекс апартман со две спални соби и со прекрасен поглед кон мое
Апартманот број.13
има две спални соби со по два единечни кревети кои се приспособуваат како
брачни кревети. Што значи дека гостите може да ги спојат или да ги раздвојат
креветите. Креветите се пространи и гарантираат удобност на секој гостин.
Апартман е идеален за семејство со деца или за два пара бидејќи има две
одвоени спални соби кои ви гарантираат приватност. Едната спална соба има
прозор со поглед кон планина, а другата спална соба има тв и балкон со
прекрасен поглед кон море.
Апартманот има комплетно опремена кујна во оделна соба во
апартманот која кујна исто така излегува на балконот. Кујната е комплетно
опремена со прибор за приготвување на лесни оброци, има прибор, мал фрижидер,
електричен бокал за вода, чаши и садови во количина доволна за капацитетот на
апартманот. Во апартманите нема рерна, туку има решо. Во кујната има канта за
отпадоци.
Апартманот има едно купатило со толет. Купатилот има врадена
када со плочки која се користи како туш-кабина, WC шолја и умивалник. Тоалетот
има крпа за раце, канта за отпадоци.
Апартманот се наоѓа на втор спрат, до него нема лифт и има околу 30 скали за искачување.
Апартманот има еден шкаф на располагање за двете спални
соби, а се наоѓа во ходникот. Во ходникот има и огледало.
Клима уредот во апартманот се наоѓа во ходниот како би можеле да се ладат и
двете спални соби.
Апартманот има картичка за вклучување на електричната
енергија при влегување. Апартманот има Wi-Fi конекција и јачината на сигналот
варира во зависност од приклучените конекции.
Апартманите во хотел Лаки се дуплекс апартмани, што значи
дека сите апартмани се со по 2 спални соби за по 2 лица, едно купатило на двете
спални соби и одвоена соба со комплетно опремена кујна. Сите апартмани имаат
пространи балкони што му ја дава комплетната предност на хотел Лаки бидејќи
балконите ви овозможуваат комфор за време на престојот во сместувањето.
На балконите на апартманите има сушари и штипки. На секој
балкон има по една маса и четири столчиња. На секој балкон има основни алатки
за одржување на хигиена во случај на гостите да им се истури нешто на подот.
Метла, џогер и кофа.
На балконот има тенда која функционира за изолација од сонце.
Дуплекс апартманите се погодни за 4 возрасни лица, а исто
така и за семејства со деца.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Фотографиите се направени од повеќе
апартмани, што значи дека можеби бојата на креветите и шкафот да биде
поразлична од фотографиите. Но пространоста, ширината, големината на креветите,
собите и толаетот е во секој апартман иста.